Надворешните ролетни можат да бидат управувани рачно или со помош на ел. мотор. За вас разработивме варијанта за моторно управување преку тастер, централа, систем за централно управување и систем со можност за седмично или месечно програмирање. Други високотехнолошки начини за управување се вградените сензори за дожд, сонце и ветар. Благодарение на нив, дури без да сте дома, вашиот дом ќе биде заштитен од надворешни влијанија.