Луѓето кои живеат во мали станови често бараат начини да „освојат“ повеќе простор, да го променат интериорот или да го направат својот дом поудобен и попријатно место за живот.

Балконот – ова минијатурно пространство, чии потенцијал често не успеваме целосно да го откриеме, може да се покаже како идеално решение за вакви ситуации.
Ве предизвикуваме да ја поттикнете вашата фантазија со неколку практични идеи за „затворање“ на балконот и негово претворање во забележителен дел од апартманот. Кут за релаксација, мала градина, домашен мини бар или екстравагантна спална соба – изберете сами.
Место за врска со природата и релаксација

Сите знаеме дека зелената боја е бојата на спокојството и природата. Кога сме во големиот град, често чувствуваме потреба да се изолираме и барем за миг да се пренесеме во смирувачка атмосфера. Тоа може да се постигне со неколку основни подобрувања, со кои балконот ќе заблеска како минијатурен оазис.
Дрвото, бамбусот, ракитата и воопшто природните материјали ќе ви помогнат да го пресоздадете чувството дека сте сред природата. Можете да го опремите просторот со дрвени мебел или да „облечете“ ѕидовите во дрво. А зошто да не ја замените старата дограма со дрвени прозорци?
За да го дополните ефектот од природните материјали, поставете висечки саксии или окачете неколку полици со цвеќиња. За удобност, распоредете масичка со перници или барбарони, или користете некоја стара ракла наместо клупа. Раклата исто така ќе ви послужи за складирање на некои помалку важни предмети.

Панорамен бар

Постојат многу опции за остаклување на балконот. Едни од најфункционалните и иновативни системи дозволуваат безпрофилно отворање по вертикала, како и собирање лево, десно или по средината. Поголемата прозрачна површина на овој вид производи ќе обезбеди обилно количество природна светлина, како и чувство за повеќе простор.
Имате убава гледка кон градот?! Еве го вашиот коз: домашен мини бар. Монтирајте плот по должината на остаклувањето, ставете високи столчиња и соберете пријатели за да уживате во панорамата од балконот. Ова решение е подеднакво соодветно за освоените балкони кои остануваат самостојна просторија и за тераси каде преградата кон внатрешните простории се отстранува, така што стануваат целосна дел од интериорот.
Спална соба на балконот
Работењето со тесните станбени простори раѓа разни решенија и едно од најдразките е претворањето на балконот во спална соба. Ова преобразување би било по вкус на ранобудниците и оние кои сакаат да спијат на отворено. Со правилните прозори кои ги штитат од неповолните надворешни фактори и со квалитетна изолација на надворешните ѕидови, овој екстравагантен проект може да стане реалност.
Ако сте решиле да покажете храброст и да ја изнесете спалната соба на балконот, размислете исто така за изолација на подот. Ова е важно, особено кога балконите на соседите под вас не се остаклени. Што му е потребно на човекот за квалитетен сон – удобно легло, свеж воздух и затемнување преку ноќ! Додадете стил и прилагодете ја светлината и температурата во просторијата според вашите преференции со внатрешни завеси од Rollplast.