Прозори High Selective

 

Ролпласт е фирма која постојано воведува нови технологии, создава стандарди и постојано се развива!

Од месец Јули фирмата започнува со производство на нов тип прозори High Selective кои се изработуваат со три и за прв пат со четири стакла. Термопанот е со ТРС дистанцер кој што е позициониран како продукт со најдобри показатели на термопропустливост. Гарантира одлична енергетска ефикасност, ја елиминира можноста од појава на кондензација и има уникатен дизајн заради способноста да се адаптира на бојата на профилот. Конфигурацијата на стаклата овозможува понизок огледален ефект, висока пропустливост на светлина и подобра заштита од сонцето.

Коефициентот на премин на топлина на High Selective Кватро /прозор со четири стакла/ за ПВЦ Trocal 88mm е 0,72 W/m2K, за дрво, чам 92мм - 0,66 W/m2K и за AL Etem 75 мм - 0,92 W m2/K. Овој показател е со 20% подобри вредности од масовиот прозор со троен термопан и конфигурација на стаклата високоенергетско стакло 4Ѕ Evolution/бело/нискоемисионо.

Што ги прави прозорите High selctive на Ролпласт уникатни?

- Профил 100% произведен во Германија

- Оков- activPilot, Winkhaus, Германија

activPilot со минимум 3  сигурносни точки  и  Hope sеcustik  e стандард на Ролпласт,кој што е над европското ниво.

 

-Термопани со зголемена селективност. Се користат стакла на Saint Gobain, кои што се со понизок огледален ефект и висока пропустливост на светлина.

-Стабилност на конструкцијата постигната од засилувачки профили кои што одговараат на точната дебелина на барањето на профилниот систем.

Разгледајте ги нашите  специjални системи