Центар за обука и демонстрација за врати и прозори

 

Поддршката на инжинерското образование е дел од корпоративната политика за развој на лидерот во областа на прозорските системи и системите за заштита од сонце "РОЛПЛАСТ".

Компанијата има долгорочна соработка со шумарскиот универзитет препознавајќи ја улогата на бизнисот за развој на идните специјалисти. За таа цел Ролпласт започна заеднички продукт со Шумарскиот факултет за изградба на Центар за обука и демонтрација за врати и прозори. Во него идните инженери ќе имаат можност да учат во пријатна околина опремена со модерна мултимедијална техника. Тие ќе можат да се стекнат не само со теоретски знаења за видовите на дрво, материјали, системи за прозори туку и практично да можат да ги допрат.

 

Стратешките партнери на компанијата во лицето на Profine , Etem, Munchinger  и Winkhaus  ги обезбедија неопходните каталози, мостри и брошури, а Ролпласт се погрижи за реновирањето на салата, мебелот и материјалите за практична настава.

Ролпласт се обврзува редовно или по потреба да обезбедува разни материјали за обука, презентација или демонстрација, поврзани со потребите на центарот. Програмата за практикантска работа ќе продолжи и во иднина што им дава можност на младите практикатни да стекнат практични вештини и професионалност, да се запознаат со активностите на компанијата и организацијата во неа.